- Мамо денес кога се возевме со тато во автобус, ми рече да станам за да седне една тетка - и објаснува малиот Трпе на мајка му.
- Епа добро си направил сине - му одговара Трпана.
- Ама мамо, јас седев кај тато во скут.
Трпе не се вратил дома, и утре дента и кажува на Трпана дека преспал кај некој пријател. После пола саат Трпана му вика:
- Се јавив кај 10 твои пријатели, од нив 7 ми потврдија дека си спиел кај нив, а другите тројца тврдат дека сеуште си таму.
Трпана му се обраќа на Трпе:
- Мили дали изгледам како идеална жена?
- Их, дури и повеќе од тоа.
- Колку повеќе?
- Па едно 40-50 кила.
Трпе оди по улица и гледа една госпоѓа и ја прашува:
- Се извинувам, каде е јавната куќа?
Госпоѓата се врти, и му врзува шамар и си оди. Трпе продолжил и сретнува полицаец и го прашува:
- Извинете господине полицаец, каде се наоѓа јавната куќа?
Полицаецот сочно му врзува шамар и си оди. Трпе црвен по образите се враќа дома и вика:
- Стари, да ти ебам и чадор и се, сам да си одиш да си го земеш.
Се враќа Трпе дома од работа, гледа нема ништо за јадење и и вика на Трпана:
- Трпано, ај ти ќотек ќе јадеш, туку јас што да јадам!?
Трпе и Трпана спијат и во сред ноќта се слуша некоја галама од надвор. Трпана цела збунета и преплашена почнува да вика:
- Леле, ова мора да е маж ми!
Трпе скока од кревет, пиштол гол, бега накај терасата. После неколку минути се враќа во спалната соба и се дере на Трпана:
- Објасни ми што ти значи она „ова мора да е маж ми“... па јас сум ти маж!!!
А Трпана на тоа:
- Прво ти мене објасни ми, зошто тогаш бегаше?
|